Loading Video...
Свет
9. February 2022 - 12:24

Шведска од денес ги укинува сите антиковид мерки

Шведска од денеска ги укинува сите антиковид мерки. Потточно две години по првиот откриен случај на заразен од коронавирус во оваа земја. Шведска ги отвора и границите за сите граѓани на ЕУ. Шведските власти им препорачаа на невакцинираните да избегнуваат гужви во затворени простории и  на сите да останат дома доколку имаат симптоми на Ковид-19.

- Пандемијата не е завршена но ограничувањата се, посочи министерката за здравство на оваа земја, Лена Халингрен. Таа рече дека се уште има потреба луѓето да се вакцинираат, а сите што примиле две дози да земат и трета.