Фудбал
14. November 2017 - 9:59

Шведска ја исфрли Италија од рускиот Мундијал

Селекцијата на Италија не успеа во реваншот од баражот за СП во Русија да ја совлада Шведска и со тоа им овозможи на Викинзите да се пласираат на големиот фудбалски фестивал.

По цели 60 години Италија нема да игра на Светско првенство,Во реваншот „Трите круни" издржаа и одиграа без голови, па благодарение на победата од 1:0 во Стокхолм се пласираа на Мундијалот во Русија следната година.
 
Италија притискаше, но не успеа да го најде патот до мрежата и е елиминирана. Шанси имаа домаќините, но немаа рецепт за победа и по 60 години ќе бидат отсутни од СП.
 
И симболично последното отсуство им беше во 1958 година, кога домаќини беа Швеѓаните. Италија е втора најтрофејна нација со 4 пехари, заедно со Германија, само зад Бразил со пет круни.