Шведска и Финска аспиранти за НАТО, се зголемува ли безбедносниот ризик во Европа?
НАТО членките на неформален состанок во Берлин но, за прв пат се присутни и новите аспиранти за влез во Алијансата, Финска и Шведска.
По случувањата во Украина, овие две држави го променија повеќедеценискиот воено неутрален став и се учекува уште утре Шведска да ја објави одлуката за влез во НАТО, а според најавите Финска ќе го стори тоа за неколку дена.
За двете земји да станат членки на Алијансата потребна е согласност од сите 30 членки, а вчера турскиот претседател Ердоган изјави дека неговата земја не е наколенета кон приемот на Шведска и Финска. Како членка на НАТО, Турција би можела да стави вето на одлуката за приемот на двете земји.
Но, другите членки сметаат дека мирот и безбедноста во Европа треба да бидат приоритет.
Шведска е неутрална над 200 години, а Финска усвои неутралност по Втората светска војна. Експертите велат дека промената на ставот е токму поради можноста да се повторат некои од случувањата во минатото.
Но, според Атанасоски, интересот е обостран.
Влезот на Шведска и Финска во НАТО нема да промени многу, бидејќи тие секако се официјални партнери на Алијансата од 1994 година. Единствената разлика ќе се однесува на директните воени дејства што подразбира дека напад на една членка претставува напад на целата Алијанса.
-
Мирјана Јовеска
Сите содржини од овој новинар