Кошарка
17. August 2017 - 8:09

Шведска и Естонија во квалификациите за СП 2019, Македонија чека

Кошаркарските репрезентации на Шведска и на Естонија со победите постигнати синоќа во натпреварите од 5.коло од претквалификациите за СП 2019 обезбедија пласман во следната фаза. Македонската репрезентација по поразот од Естонија, сега и останува во последното коло да очекува триумф на Естонија над Косово во Приштина за да биде второпласирана во групата.

Резултати 5.коло:

А група: Словачка - Босна и Херцеговина 74:92 и Шведска - Ерменија 93:70.

Табела: Шведска 3-2 (победи-порази), БиХ 3-2, Ерменија 3-2, Словачка 1-4.

Б група: Холандија - Австрија 71:78.

Табела: Австрија 3-1, Холандија 2-1, Албанија 0-3.

Ц група: Естонија - Македонија 74:65.

Табела: Естонија 3-0, Македонија 1-3, Косово 1-2.

Д група: Белорусија - Бугарија 70:84.

Табела: Бугарија 4-0, Белорусија 1-2, Португалија 0-3.     

Пласман од претхдоно имаа обезбедено селекциите на Бугарија, Австрија и Холандија.