Живот
27. January 2016 - 18:06

Шварценегер ужива во звуците на „Јовано, Јованке“

Скијачкиот центар во Австрија, Кицбил, на Алпите, кој е домаќин на Светскиот куп во скијање, оваа година угости и многу светски познати личности, меѓу кои и холивудскиот актер Арнолд Шварценегер.
Кога не се на ски патеките, познатите се собираат во клубот каде постои посебен ВИП оддел. Тука свој штанд има и Србинот Иван Пеќаранин (35), кој води успешен бизнис со кубански цигари и ја имал честа да размени некој збор со позната холивудска ѕвезда Арнолд Шварценегер и да го запознае актерот Ралф Мелер од познатиот “Гладијатор”.

Како што рекол за српски “Блиц” Иван, познатите сакале да навратат во клубот за да се опуштат, да пивнат и да каснат нешто. А тука бил и оркестарот кој ги развеселува гостите.

2svarceneger5

За нас интересно е што во едне момент оркестарот ја засвирел нашата можеби најубава народна песна “Јовано, Јованке”, која ги воодушевила присутните, па оркестарот морал да ја свири неколкупати.

svarceneger

– Кога слушнав дека ја свират познатата песна веднаш зедов да ја снимам атмосферата. Во тој момент во клубот седеа германскиот фудбалски репрезентативец Марио Гече, директорот на Формула 1 Берни Еклстон, а Шварценегер беше покрај мене. Судејќи по изразите на нивните лица песната ги одушеви, па оркестарот ја отсвире повторно, вели Иван, кој не сакал премногу да открие за што зборувал со Арни, но вели дека размениле неколку реченици и дека “Терминатор”, кој дошол со синот, со него поседел некое време, а Иван дури и го почестил со кубанска пура.

Видеото може да го видите ТУКА.