Свет
3. December 2018 - 19:57

Шварценегер: Америка е повеќе од Вашингтон и еден лидер

Американскиот актер и поранешен гувернер на Калифорнија Арнолд Шварценегер тврди дека САД се сè уште дел од меѓународниот договор за намалување на глобалното затоплување и покрај одлуката на претседателот Доналд Трамп да ја повлече државата од тој договор.

– Америка е повеќе од Вашингтон или еден лидер, изјави Шварценегер на конференцијата на ОН за климатските промени во полскиот град Катовице.

Тој оцени дека Трамп е „луд” бидејќи решил да се повлече од договорот за климата, постигнат во 2015 година.

Шварценегер истакна дека локални лидери треба да бидат поканети на конференција следната година и објави дека тој исто така ќе го стори тоа, користејќи ја неговата позната филмска реплика: Ако го направите тоа , јас ветувам – Ќе се вратам.