Фудбал
7. March 2016 - 18:43

Швајнштајнгер не стравува дека ќе го пропушти Европското првенство

Капитенот на фудбалската репрезентација на Германија Бастијан Швајнштајнгер изјави дека повредата нема да го спречи да игра на Европското првенство во Франција.
 
Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед поради повредата на коленото е надвор од фудбалските терени од почетокот на јануари, но неговото враќање со полесни тренинзи се очекува набргу.
 
- Нема да играм на ЕП во Франција, само во случај доколку шампионатот почне во март. На лигаментите на моето колено им е потребно време да зараснат, и јас верувам дека се ќе биде во ред. Наскоро би требало полека да почнам со тренинг и работа со топката, изјавил Швајнштајнгер, за германскиот весник „Билд’’.
 
Инаку, во неодамнешната анкета направена во германската јавност, Швајнштајнгер не доби поддршка од навивачите на „панцирните’’ кои во голем процент се изјасниле дека не сакаат тој да се најде во составот на Јоаким Лев на претстојниот европски шампионат.
 
Швајнштајнгер поради чести повреди, одигра само шест натпревари за Германија откако тие ја освоија титулата на Светското првенство во Бразил.
 
31-годишниот Германец има и лоша сезона во дресот на англискиот премиер лигаш Манчестер Јунајтед, за само на единаесет натпревари го одигра сите 90 минути, а вкупно настапи на 29 средби. 
 
Германија на претстојното ЕП во Франција кое ќе се одржи од 10 Јуни - 10 Јули, ќе игра во група против селекциите на Украина, Полска и Северна Ирска.