Швајцер Блум: САД очекуваат да соработуваат со новата влада
Микаела Швајцер Блум, вршител на должност шеф на мисијата во Амбасадата на САД, го поздрави напредокот во однос на формирањето нова влада и истакна дека очекува таа брзо да се формира, а САД, како што нагласува, остануваат партнер на Македонија.
- За Македонија и за луѓето во Македонија е добро што формирањето на влада влегува во нова фаза и дека наскоро ќе се формира нова влада. Важно е да се знае и дека претседателот Иванов и лидерите на партиите од коалицијата на мнозинството најдоа начин да соработуваат на конструктивен начин за доброто на македонските граѓани. Очекуваме да соработуваме со новата Влада штом се формира, се надеваме дека тоа ќе биде брзо. Пред Македонија, претстои многу работа на итните реформи за да може да напредува забрзано во евроатлантската заедница. САД остануваат пријатели и партнери со Македонија и очекуваме да соработуваме со новата влада, за да ја поддржиме во тие реформи и прогресот, вели Швајцер Блум во изјавата објавена на веб страницата на Амбасадата на САД.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители