Loading Video...
Спорт плус
11. January 2020 - 17:12

Швајцарката, Сутер најбрза на спустот во Алтенмарк

Швајцарката Корине Сутер е победничка на спуст трката од Светскиот куп во алпско скијање што се одржа во Алтенмарк. 
 
Водечката во оваа дисциплина оствари најбрзо време оставајќи ги зад себе Италијанката, Никол Делгадо за 29.стотинки и сонародничката Мишел Гисин која имаше 98.стотинки послабо време. 
 
Сутер сега има 225 бодови или 43 повеќе од Естер Ледецка од Чешка во трката за малиот кристален глобус во спуст, додека Американката, Михаела Шифрин е убедливо прва во севкупниот Генераген поредок.