Свет
28. February 2020 - 11:42

Швајцарија забрани големи собири поради Ковид-19

Швајцарската Влада денеска забрани одржување на големи собири во земјата на кои можат да соберат над 1.000 луѓе, како мерка за да се спречи ширењето на новиот коронавирус.

Швајцарската влада ја карактеризира сегашната состојба со коронавирусот како „специјална“.

Кабинетот на швајцарската Влада објави дека е забрането собирање на повеќе од 1.000 луѓе. Забраната ќе трае барем до 15 март.