Свет
21. May 2016 - 13:23

Швајцарија: Брз воз налетал на автобус, 16 повредени

Швајцарската полиција соопшти дека најмалку 16 лица се повредени кога брз воз налетал на автобус во местото Интерлакен, во близина на Берн.

Во полициското соопштение се наведува дека несреќата се случила синоќа на преминот на пругата.

Наведено е дека 16 повредени се однесени во блиските болници, но оти не е познато колку се сериозно нивните повреди.

Полицијата ги истражува причините за несреќата.