Швајцарците продаваат воздух од Алпите
Швајцарски стартап флашираше воздух од Швајцарија, кој потоа го продава на граѓаните во многу загадените градови, како оние во Кина и Индија.
Според податоците на компанијата, воздухот се собира од различни локации ширум швајцарските Алпи и се компресира во аеросолна киселина. Производот доаѓа со прицврстена маска за помош при дишење.
Конзервите воздух чинат 19,95 швајцарски франци (21 долар) и содржат доволно воздух за повеќе од 120 вдишувања, што е доволно за околу 10 минути користење.
- Овој производ е за населението кое секојдневно живее со страшно загадување. загадување кое може да го скрати животот и да предизвика големи здравствени проблеми. Една конзерва швајарски воздух не е одговор на нивните проблеми, но е толку убаво што можете да дишете чист воздух, свеж воздух, па макар и на кратко, изјави извршниот директор на компанијата Дени Вур.
Тој посочи дека очекува неговата компанија да стане „главен играч на новиот пазар на воздух“.
Вур вели дека првата испорака е веќе направена и воедно упати повик до инвеститорите за да се олесни растот на компанијата.
Ново на Сител
-
79-годишен дедо нападнал полицаец во Куманово
-
Грк починал во битолско казино
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти