Свет
27. November 2016 - 10:14

Швајцарците на референдум за откажување од нуклеарките

Швајцарците денеска гласаат на референдум за откажување од користење нуклеарна енергија.

Доколку биде позитивен исходот од референдумот до 2029 година ќе биде затворена и последната од пет швајцарски нуклеарки што сега обезбедува 40 отсто од електричната енергија во државата.

Групите кои се противат тврдат дека временскиот план на Владата не е доволно брз (2050 година) и покренаа иницијатива за референдум кој ќе го забрза тој план (до 2029 година). Анкетите навестуваат тесна трка.