Свет
5. јуни 2016 - 9:41

Швајцарците на референдум решаваат за воведување основен месечен додаток

Жителите на Швајцарија денеска гласаат на референдум на кој треба да се изјаснат по иницијативата за воведување на основен месечен додаток во износ од 2.500 франци (околу 2.200 евра), кој Владата би им го ислпаќала на швајцарските државјанин кои се навработени или имаат помали примања од оваа сума, јави ТАСС.
 
Според предлогот, покрај полнолетните граѓани кои би го довивале целиот месечени основен додаток, секое дете треба да добива сума во износ од една четвртина од средствата што би им се исплаќале на возрасните.
 
Реферндумот е распишан по иницијативата која ја потпишаа 100.000 швајцарски државјани.  
 
- Поголемиот број луѓе сакаат да го планираат својот живот. Некои од нив можеби ќе решат да одморат од работа неколку месеци, па овој додаток ќе им овозможи усови за живот. А кога ќе им здодее од неработењето, повторно ќе се вратат на работа, изјави за ТАСС координаторот на иницијативата Даниел Строб.
 
Швајцарската Влада ги советуваше граѓаните да го отфрлат ваквиот предлог, пренесувајќи ги мислењата на експертите дека исплатата на ваквите додатоци би по довело до крах на буџетот на земјата.
 
Анкетите на јавното мислење покажуваат дека ваквата иницијатива ја поддржуваат околу една четвртина од Швајцарците.