-->
-->
Шутерско шоу на МЗТ за победа над Игокеа
-->
Кошаркарите на МЗТ Скопје ја забележаа осмата победа во регионалната АБА лига.
На гостувањето во Лакташи, македонскиот шампион МЗТ Скопје ја победи екипата на Игокеа со 70-86 .
До овој триумф МЗТ стигна благодарение на одличната резлизација во ударите за три поени погодувајќи 16 од „тројки„ од 36 обиди.
Ѓорѓе Дреновац реализира седум „тројки„ (од 13 обиди), а капитенот Дамјан Стојановски погоди пет „тројки„ (од 7 упатени удари). Дреновац средбата ја заврши со 27 постигнати поени, а Стојановски беше стрелец на 15.
Со оваа победа МЗТ се искачи на 5.место на табелата со скор 8 победи и 10 порази. Во следното 19.коло МЗТ пред својата публика го пречекува последно пласираниот тим на Сутјеска.
Вечерва ќе се одигра и мечот Цибона – Металац, а утре Црвена Звезда – Цедевита и Сутјеска – Партизан.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци
-
Венеција почнува да наплаќа влезници
-
ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори
-
Избирачкиот список намален за 10 000 гласачи
-
Претседателски избори ќе ги следат 342 домашни и 568 странски набљудувачи