Кошарка
3. January 2016 - 18:39

Шутерско шоу на МЗТ за победа над Игокеа

Кошаркарите на МЗТ Скопје ја забележаа осмата победа во регионалната АБА лига.
 
На гостувањето во Лакташи, македонскиот шампион МЗТ Скопје ја победи екипата на Игокеа со 70-86 .
 
До овој триумф МЗТ стигна благодарение на одличната резлизација во ударите за три поени погодувајќи 16 од „тројки„ од 36 обиди.
 
Ѓорѓе Дреновац реализира  седум „тројки„ (од 13 обиди), а капитенот Дамјан Стојановски погоди пет „тројки„ (од 7 упатени удари). Дреновац средбата ја заврши со 27 постигнати поени, а Стојановски беше стрелец на 15. 
 
Со оваа победа МЗТ се искачи на 5.место на табелата со скор 8 победи и 10 порази. Во следното 19.коло МЗТ пред својата публика го пречекува последно пласираниот тим на Сутјеска.
 
Вечерва ќе се одигра и мечот Цибона – Металац, а утре Црвена Звезда – Цедевита и Сутјеска – Партизан.