Шумски пожари во централна Грција
На две локации во централна Грција, во близина на градот Ламија избија два пожари, од кои едниот е веќе ставен под контрола, а жителите на едно село превентивно беа евакуирани, јави дописничката на МИА од Атина.
Пожарот на 12 километри северно од Ламија, во близина на селото Диври, чии што жители беа пренесени на безбедна локација, изби пред 15 часот по локално време во шумски дел и брзо се прошири, а силниот ветер и високата температура ја отежнува работата на пожарникарите.
Во гаснењето на пожарот учествуваат 42 пожарникари со 21 возило и 18 лица од пешадискиот тим, 5 авиони и 4 хеликоптери, а со 11 цистерни помагаат од општината и грчката полиција.
Половна час по првиот, изби и втор пожар на шест километри северно од Ламија, кој пред 19 часот беше ставен под контрола.
Ново на Сител
-
79-годишен дедо нападнал полицаец во Куманово
-
Грк починал во битолско казино
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти