Свет
10. July 2017 - 11:22

Шумски пожари горат ширум Калифорнија

Ширум Калифорнија беснеат шумски пожари поради што се евакуирани стотици домови.

Околу 5.000 пожарникари се борат со 14 големи шумски пожари меѓу кои најголемиот е во округот Аламо, на половина пат меѓу Лос Анџелес и Сан Франциско, каде се зафатени околу 24.000 хектари земјиште.

Во Санта Барбара околу илјада пожарникари се обидуваат да изгаснат пожар со помош на канадери, но високите температури и ветрот ја отежнуваат работата на пожарникарите.

Во округот Бати во Калифорнија, огнената стихија уништила 5.600 хектари површина со шума, а четири лица се повредени.

Околу 140.000 жители на Лос Анџелес синоќа останаа без електрична енергија.

Калифорнија со денови е зафатена со рекордно високи температури.