Шумски пожар во западниот дел на областа Атика, авион „Air tractor принудно слета во море
Во западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во близина на автопатот кон Пелопонез, претпладнево избувна пожар, а еден од авионите на противпожарната служба што интервенираше во гаснењето, принудно слета во море, додека двајцата патници навремено се спасиле, јави дописничката на МИА од Атина.
Преку бројот 112 за итни случаи, беше испратена порака до жителите на едно село, превентивно да се евакуираат, а затворен е и автопатот кон Коринт.
Во пожарот интервенираат 55 пожарникари со три пешадиски тима, 15 возила, два авиони и еден хеликоптер за координација, а еден од авионите веројатно од типот „Air tractor“, од засега непознати причини, принудно слетал во морето.
Според крајбрежната служба на Грција, двете лица кои биле во авионот се спасиле и се во добра здравствена состојба и веднаш, со помош на приватен чамец биле пренесени на копно.
Пожарот е на околу 30 километри северозападно од центарот на Атина во близина на патарината на излезот од Атика кон Пелопонез.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација