-->
-->
Шумски пожар во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, превентивно евакуирана населба
-->
Кусо по 11 часот по локално време, избувна шумски пожар во општина Саронида што се наоѓа во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, а превентивно се евакуирани жителите на една населба, јави дописничката на МИА од Атина.
Силниот ветер создава дополнителни проблеми, бидејќи го отежнува гаснењето, но и брзо го шири пожарот.
Од бројот 112 за итни случаи беше испратена порака до граѓаните што се во населбата Фериза превентивно да се евакуираат иако не станува збор за густо населено место и според првичните информации не постои опасност за домовите
Во гаснење на пожарот, освен пожарникари со возила интервенираат и најмалку два хеликоптери.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Стоилковски: Закани по животот на децата на Мицкоски, МВР да реагира
-
Гостиварка (32) со нож се заканувала на медицински лица во болницата
-
Од лето електронска наплата на патарините меѓу Србија и Македонија
-
Грабеж имало во Бутел, не во Аеродром, полиција кај Скопјанка имало поради друга акција
-
Стоилковски: Молкот на институциите поттикнува се беззаконие
-
Анима Мунди до Рамиз Мерко: Oва не е племенски сојуз, туку држава!
-
Се судрија неколку автомобили на улица „Борис Трајковски“ во Скопје
-
Мерко: Ако може да колеме јагниња, телиња, овци само кучињата ли ќе ги чуваме? | ВИДЕО