Свет
26. January 2016 - 8:48

Шумски пожар пет дена беснее во аргентинскиот национален парк Лос Алерсес

Шумски пожар веќе пет дена беснее во аргентинскиот национален парк Лос Алерсес, во близина на источниот дел на Андите.

Огнената стихија уништила 1.600 хектари од паркот, кој е заштитена зона во Аргентина и се наоѓа во Патагонија.

Според властите пожарот би можел да биде предизвикан намерно.

За гаснење на огнот се ангажирани 250 пожарникари, четири авиони-цистерни и три хеликоптери.

Националниот парк е познат по дрвото фицроја (Fitzroya cupressoides). Некои од дрвјата од овој вид се стари повеќе од илјада години.