Шумски пожар на Закинтос
Со 17 пожарникари, осум возила, три авиони и еден хеликоптер, грчката противпожарна служба се обидува да го стави под контрола пожарот што избувна претпладнево во областа Лагадакиа, во централниот дел на грчкиот остров Закинтос, jави дописничката на МИА од Атина.
Командирот на Противпожарната служба на Јонските острови, Андреас Ризос, за грчката новинска агенција АНА-МПА вели дека се прават натчовечки напори за пожарот да се стави под контрола.
Паралелно, грчките пожарникари на уште две локации во Грција се борат со огнените јазици. Едниот пожар е во шумски дел во областа Домокос во централна Грција, каде што се ангажирани 33 пожарникари со 11 возила, две пешадиски единци со 13 пожарникари и два авиони.
Другиот е во јужниот дел на Пелопонез, во областа Лакониа каде што 25 пожарникари со девет возила, една пешадиски единци со шест пожарникари и четири авиони. Ниту еден од трите активни пожари во Грција, сѐ уште не е ставен под контрола.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот