Балкан
1. August 2021 - 8:47

Шумски пожар на Пелопонез – пет лица се повредени, десетина куќи изгореа

Во големиот шумски пожар што избувна на Пелопонез кај Патра, пет лица се повредени, а десетина куќи се изгорени, соопшти грчката цивилна заштита.

Повредените имаат проблеми со дишењето и се префрлени во блиските болници, се наведува во соопштението.

Болниците во Патра и соседните градови се во состојба на готовност, како и крајбрежната стража од страв дека капачите може да бидат загрозени од чад.

Пет села се евакуирани, а според противпожарната служба, 145 пожарникари, 50 камиони, осум авиони и хеликоптери се мобилизирани за гаснење на пожарот.

Автопатот помеѓу Пелопонез и копнена Грција е затворен.

Грција секое лето е погодена од шумски пожари, но експертите предупредуваат дека глобалното затоплување ја зголемува нивната фреквенција и интензитет.

Земјата е зафатена од топлотен бран од петокот, од кога температурите се движат помеѓу 42 и 44 степени Целзиусови.