Македонија
17. August 2019 - 15:15

Шумски пожар меѓу скопските села Буковиќ, Раовиќ и Ласкарци

Шумски пожар избувна изутринава околу 10 часот на непристапен терен над скопското селото Буковиќ, меѓу селата Буковиќ, Раовиќ и Ласкарци. Опожарена е дабова и деградирана шума, информира за МИА, заменик-командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје Звонко Томески.

Гори поголема површина, а во гаснењето на пожарот се вклучени три противпожарни возила и заменик-командантот Томески.

– Во моментов има ветер што влијае на ширење на пожарот, неконтролирано на сите страни. Но, ние не дозволуваме да се рашири пожарот и да се доближи до селата. На терен се и четири лица од ЈП „Национални шуми“, рече Томески.

Месното население е вклучено во гаснењето на пожарот.