Свет
25. October 2015 - 18:31

Шулц: Неприфатливо е примена на насилство врз мигрантите, ѕидовите нема да ги запрат

Примената на насилство врз имигрантите кои пристигнуваат во Европа е неприфатливо, изјави претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц при пристигнувањето на вонредниот мини самит на врвот на ЕУ за миграцијата.

- Луѓето кои применуваат насилство, се срам за Европа, додаде тој. Според Шулц, подигнувањето на огради по границите нема да ги запре имигрантите, кои се обидуваат да дојдат до ЕУ.

- Ниту еден ѕид нема да ги запре оние, кои бегаат од Исламска држава и од воени дејствија, истакна тој.

Според него, неопходна е подобра координација на напорите за решавање на кризата. Тој, меѓутоа, призна дека тоа тешко ќе се постигне, ако земјите засегнати од кризата и соседните земји на балканските не започнат конструктивна соработка.