Шулц ги проблематизира роковите за визната либерализација на Турција
Претседателот на Европскиот Парламент, Мартин Шулц, изјави дека Турција треба колку што е можно поскоро да почне со исполнување на поставените услови од Европската Унија, затоа што во спротивен случај воведувањето на безвизниот режим може да биде ставено под прашање, пренесе ТАСС.
-Турција досега не исполни важни услови за воведување на визните слободи. Ние очекуваме Анкара да направи измени во законите за заштита на податоците и за борбата со тероризмот. Под итно треба да почен дебатата во турскиот Парламент за овие измени, рече Шулц во интервју за германскиот весник „Велт ам зонтаг“.
Шулц подвлече дека доколку тоа не се случи, европските институции нема да можат од октомври да ги укинат визите за турските државјани , како што беше рвично предвидено.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган претходно се закани дека ќе престане да ја спроведува спогодбата за бегалците, додека ЕУ не го придвижи прашањето за укинување на визите.
Шулц во интервјуто искоментира дека „заканите не се адекватен политички метод“.
Укинувањето на визите за турските државјани е дел од спогодбата, постигната на 18 март на самитот Турција-ЕУ. За безвизниот режим да може да влезе во сила, Анкара треба да ги исполни сите неопходни критериуми. Главен проблем е турскиот закон за борба со тероризмот, што предвидува и ограничување на работата на медиумите. Брисел инсистира на олеснување на овие одредби, но Анкара не се согласува со тоа.
Ново на Сител
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората