Свет
9. January 2017 - 12:53

Штрајкот на вработените во лондонското метро предизвика колапс во сообраќајот

Штрајкот на вработените во метрото предизвика колапс во сообраќајот, а милиони жители на Лондон беа принудени да се движат низ градот пеш, со автомобили, автобуси, чамци и велосипеди.

Поради еднодневниот штрајк затворени се и главните станици - Викторија, Ватерло и Кингс крос, а на улиците има огромни колони од возила. Некои од линиите кои ги превезуваат патниците до аеродромот „Хитроу“ се исто така редуцирани.

Штрајкот е организиран од двата најголеми синдиката на вработените во метрото поради отпуштање на голем број работници во претходните години, како и поради затворање на шалтерите за продажба на билети. Еден од синдикатите тврди дека се потребни дополнителни 200 работници.