Бизнис
7. November 2019 - 16:43

Штрајкот на просветарите ставен во мирување - покачувањето на платата ќе биде познато за неколку дена

Генералниот штрајк на просветните работници ставен во мирување се до постигнување договор. Нова средба ќе има утре на која се очекува и конечно решение.

Од СОНК велат министертвото за образование побарало време  за анализа колку средства може да се одвојат за ново покачување од јануари.

Министерот Адеми иако  не презицираше дали се уште се преговара запокачување поголемо од 10 отсто, тврди дека се чека одговор од финансии дли има пари за зголемување на платите од први јануари.  Го повика синдикатот  на нови преговори во министерството.

СОНК бара зголемувањето на платите на на просветарите да биде поголемо од 10 отсто и истото наместо од април да важи од јануари.

Освен за повисоки плати тие  преговаараат  и за воведување на К-15 , почитување на колективните договори, исплата на прекувремените работни часови.

Во просек платите во основното и средно образование се движат од 22 до 24 илјади денари, а во високото образование околу 30 илјади денари.

СОНК организираше предуредувачки штрајк и на првиот училишен ден со што учебната година започна со еден ден задоцнување.