Штрајк на таксистите го блокира сообраќајот кон Прага
Неколку стотици таксисти блокираа по една лента во секоја насока од автопатот што води кон Прага, протестирајќи против смената на правилата кои важат за нив, јави дописникот на МИА.
Протестот, го организира Асоцијатата на концесионери на такси служби, која бара да продолжат преговорите со локалната самоуправа за покачување на цената за километар возење.
Според градоначалничката Адријана Крначова, преговорите се неуспешни поради тоа што таксиситите ги немале потребните документи, а тие пак се жалат дека надлежниот орган без причина ги одбил нивните барања.
- Со штрајкот не се согласувам. Таксиситите за тоа немаат вистинска причина. Само се жалат, уценуваат и ги земаат пражаните како заложници, што значи дека луѓето нема да стигнат на време на работа или на училиште, изјави Крначова.
Таксистите штрајкуваа и во летните месеци минатата година, поради одлуката на Градот да биде испитано нивното знаење на локациите во градот и владеењето на странски јазици.
Прашката локална самоуправа, во рамки на своите надлежности, долго време се обидува да го спречи нелегалното „таксикарење“ иако забрана за вршење на такси услуги носи Министерството за сообраќај.
Дел од големите такси-служби не се согласуваат со денешниот протест. Во градот се регистрирани над 5.500 такси-возачи.
Ново на Сител
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Teма на денот со Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Трет ден потрага по Данка, родителите повторно во станица
-
Предизборно финале – партиите ги финализираат листите
-
Стариот парламент ќе инаугурира нов шеф на државата - конститутивна седница за новите пратеници на 28 мај