Балкан
27. January 2016 - 12:48

Штрајк на грчките морнари

Грчките бродови до петок изутрина ќе останат во пристаништата поради 48-часовен штрајк на Синдикатот на морнарите (ПНО) против владините реформи во системот за социјално осигурување.

Како што јави дописникот на МИА, ПНО бара повлекување на предлог законот за социјално осигурување, а исто така одлучи да учествува и во 24-часовниот штрајк кој синдикатот на вработените во јавниот сектор (ГСЕЕ) го закажа за 4 февруари.

ПНО исто така предупреди дека е можна ескалација на нивната мобилизација на денот кога контроверзниот закон ќе биде поднесен во Парламентот.