Македонија
19. October 2017 - 16:13

Штрајк на грчките цариници - Преку граница пешки или со повремено пропуштање на

Грчката царина ги спушти рампите на граничните премини со Македонија. Штрајк на службениците во царината е причината поради која од утрово сообраќајот  за товарните возила е во целосен прекин на сите гранични премини со јужниот сосед  додека фрекфенцијата на патничките возила се одвива отежнато.
На премините  Богородица и Дојран единствено пешаците можат без проблем да ја поминат границата, a  патничките возила се пропуштаа повремено, односно после секој час прекин се овозможува премин на границата во траење од околу петанаесетина минути по што  рампите повторно се спуштаат.
Од македонските гранични премини велат  дека и покрај тоа што од утрово границата е затворена некои поголеми гужви на македонска страна не се создадени бидејќи најголемиот дел од граѓаните веќе биле информирани за одлуката на грчката царина.  
Според првичните најави штрајкот на грчката царина на граничниот премин Богородица треба да трае 24 часа, додека на Дојран прекинот  на сообраќајот  кој започна утрово од 5 часот ќе трае до вечерва до 23 часот. Дали ваквата одлука ќе биде конечна или пак постои можност рампите на граничните премини да останат спуштени и за време на престојниот продолжен викенд за кој се очекува и поголема фрекфенција засега нема конкретни информации.