Живот
15. January 2017 - 13:28

Што значи зборот „стан“ во имињата на државите како што се Казахстан, Пакистан, Киргистан ...

Јутуб каналот „Roots and Routes“ даде одговор на прашањето што значи наставката „стан“ во имињата на многуте држави.

Имено, се работи за старо персиски збор што значи „земја“, а кои има прото - индо - европски корени во зборот „ста“, што значи „останување“.

Зборот стан се однесува дословно на место на кое луѓето живеат, што значи дека не секористи само во склопот на името на државата.