Македонија
24. November 2020 - 16:41

Што усвои Владата во однос на кризната состојба?

Речиси 300 војници и 150 полицајци ќе бидат ангажирани во обезбедувањето на болниците низ земјава. Ќе бидат распределени онаму каде што има најголема фрекфенција на пациенти. По утринската седница на Управувачкиот комитет, директорот на ЦУК истакна дека овие бројки не се конечни и дека ќе зависат од побарувањата од Министерството за здравство.

Восјката само ќе асистира на полицијата и нејзина главна задача ќе биде да одржи ред во ковид центрите.

„Армијата ќе биде невооружена и ќе биде онаму каде што е неопходна потребата, но исклучиво како придружба на полицијата. Полициските службеници се тие кои имааа полициски овластувања, додека припадниците на армијата ќе им помагаат на нив, пред се за одржување на редот. Инцидентите кои се случуваат се осамени и ретки. Ние не праќаме војска затоа што граѓаните прават нереди во болниците, туку превентивно, да го одржуваат редот за да можат здравствените работници непречено да си ја вршат работата”

Безбедносната состојба во здравствените установи е целосно под контрола, тврди Ангелов. Дополни дека од планот за полициско и воено обезбедување на болниците ќе бидат изземени приватните болници, кои имаат сопствено приватно обезбедување.

Предлогот се најде и на денешната владина седница, а по неговото усвојување треба да го одобри и претседателот и врховниот командант на оружените сили Стево Пендаровски.