Што треба, а што не треба да се прави на Божиќ
Обичаите се различни од место до место, но сепак некои ни се заеднички на сите. Погледнете што народот одамна верува дека треба да се прави на Божик, а што треба да се избегнува. Ако на Божик врне, се верува дека ќе вроди со плод се што ќе биде копано со мотика.
Во некои краеви веруваат дека ќе има многу мед во текот на годината ако бадникот фрла искри сам од себе.
Кој во текот на годината се скарал со некого, на Бадник треба да се смири.
За Божик е убаво да се подновиме.
Во околината на Ниш е забележан обичај пред јадење домаќините истовремено да ги соблечат чевлите бидејќи се верува дека поради тоа жените побрзо се породуваат, кравите се телат, а овците се објагнуваат.
Во јужна Србија постоело верување дека девојките и момчињата кои ќе ја преспијат Бадната ноќ на слама, ќе го сонуваат идниот сопружник.
Во некои краеви се верува дека божикната свеќа не треба да се гаси со дување, туку со леб натопен во вино, најчесто парче од погача.
На Бадниот ден сите позајмени работи и долгови треба да се вратат, а за вечера да се подготват непарен број на јадења.
На Божик треба да се прават работи кои инаку не ни одат од рака, да можеме полесно да ги совладуваме во текот на годината која стигнува.
Положајникот треба да се покрие со губер за да биде подебела кората на кајмакот, а во некои краеви се верува дека е добро да се помести столицата на која тој седи, со цел среќата да се закова за куќата.
Од Божик до Свети Стефан не треба да се чисти куќата, а во Војводина се верува дека за време на божикните празници не треба да се тропа на вратите, кокошките да не ги скршат јајцата.
На Божик исто така се дарува гостинот положајник, а во многу краеви се даруваат чорапи.
На Божик не треба да се позајмува ништо на никого, така цела година работите нема да се изнесуваат од дома.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари