Што тоа Путин има на раката? Детаљ на неговата дланка предизвика хаос на социјалните мрежи
Претседателот на Русија Владимир Путин Божик го дочека на литургија во црквата Преображение во Санкт Петербург.
Рускиот претседател во храмот бил опкружен со млади, но еден ситен детаљ стана тема на социјалните мрежи.
Путин, имено, во неколку наврати, се фати за палецот на левата рака, а во еден момент камерата ја зумираше раката на рускиот претседател на кој се гледаше мала бела лента, најверојатно фластер.
Најразлични теории и коментари следуваа откако снимката беше објавена на Твитер.
Некои од коментарите беа сериозни, констатирајќи дека тоа, најверојатно е фластер за курје око кое му излегло играјќи неодамна хокеј, а други сакајќи да бидат духовити, коментираа дека сигурно чистел снег, додека па други напишаа дека тоа, всушност е „црвеното“ копче за активирање на нуклеарните ракети и дека Путин го зел со себе, ако нешто се случи додека е на литугија.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Ние веќе немаме што да дадеме
-
Блокирана е сметката на ЈСП
-
„Блек Фрајдеј“: Маркетиншки трик или реални попусти?
-
Патот Охрид - Кичево црна точка во сообраќајот
-
“Скапи” честитки за родители чии деца се невакцинирани согласно календарот
-
Ден на Републиката
-
Политичките партии со реакции по вчерашното дивеење низ Скопје
-
МВР постапува за сквернавењето на знамето