Македонија
11. јуни 2017 - 17:39

Што се случувало утринава во Кисела Вода, имало ли навистина самоубиство?

Во Министерството за внатрешни работи, утринава околу 8:15 часот било пријавено од случаен минувач дека забележал лице кое паѓало од тераса од зграда во населбата Кисела Вода.

-По пријавата полициски екипи се упатиле во Ургентниот центар, бидејќи лицето со возило на Итна медицинска помош било пренесено таму, но во Ургентен не нашле лице повредено од пад или починато, објаснуваат од МВР за КУРИР.

Неофицијално, лицето чиј идентитет не е познат во Ургентниот центар се расправалo со медицинскиот персонал, по што си заминалo.