Македонија
5. August 2017 - 12:46

Што се случува во Скопје: Запалени две возила на паркинг во Гази Баба

Рано утрово во 04,24 часот во Единицата за известување и команда -Скопје било пријавено дека во Скопје, на ул. „Јани Лукровски“ на паркинг простор, од засега непознати причини, опожарено било патничко морторно возило „Ауди А3“ со кривопаланечки регистарски ознаки сопственост на Т.Т.(24) од с.Конопница-Крива Паланка и патничко моторно возило „Даеву Ланос“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на И.Н.(45) од Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на причините кои довеле до опожарување.