Здравје
2. January 2018 - 17:32

Што се случува со организмот кога ќе престанете да пушите?!

Човечкото тело е навистина неверојатна работа, бидејќи за само 20 минути откако е испушена цигарата почнува да се оправува.

Сите знаеме за штетните последици предизвикани од конзумирање на цигари. Доколку сте пушач, ризикувате да добиете рак, инфаркт, мозочен удар…

Меѓутоа , се уште не е се загубено ако сте пушач и престанете да пушите на време.

Што се случува во човечкото тело во минути, часови, месеци и години после последната испушена цигара?

После 20 минути

Човечкото тело е навистина невероватна работа, бидејќи за само 20 минути откако е испушена цигарата почнува да се оправува. Притисокот и пулсот се враќаат во нормака а температурата на рацете и нозете ви се наголемува.

После осум часа

Количината на никотин и јаглен – моноксит во крвта се намалува за половина. Нивото на кислород се зголемува и се враќа во нормала, па сте “будни”, спиете подобро и појаки сте. Меѓутоа, познато е дека точно тие осум часа се “критични” за луѓе кои сакаат да се одвикнат од пушење и многу е важно да се издржат тие осум часа, бидејќи после тоа одвикнувањето станува полесно.

После 48 часа

Јаглен-моноксид и никотинот ги снемува од телото. Плуќата почнуваат да се чистат, нервните завршетоци се опоравуваат и ви се враќа осетот за мирис и вкус.

После три месеци

Функцијата на плуќата и циркулацијата доста се поправаат. Шетањето и вежбањето стануваат полесни, и се помалку кашлате.

Помеѓу еден и девет месеци

Запушените синуси и заморот скоро ги снемува. Дишете многу полесно и веќе не ви недостасува здив. Генерално сте поздрави.

После еднa година

Ризик од настинка и срцеви заболувања е помала за 50 отсто.

Помеѓу пет и 15 години

Диабетис е болест која можат да ја добијт долгогодишните пушачи. Доколку издржите пет години без консумирање на цигари, ризикот се намалува, како и ризик за добивање мозочен удар.

За 10 години

Ризик да добиете рак е ист како и кај непушачи, бидејќи 60 отсто карциномот е поврзан со пушење и лоша исхрана.

За 15 години

Ризик да добиете срцева болест или инфаркт сега е иста како кај непушачи. Познато е дека никотинот влијае на запушување на крвните садови и поради тоа е намалена циркулацијата на крвта и доведува до мозочнен или срцев удар.