Живот
2. September 2015 - 8:42

Што се случува кога ќе влезат во конфликт питон и кобра?

Две огромни зимии се бореле една против друга на една улица во Сингапур.
На случајните минувачи не им паднало на памет да реагираат или да се мешаат во оваа борба.
Се претпоствавува дека овие две змии до улцата дошле преку џунглата која го опкружува градот.
Во борбата од пола час можело да се види дека питонот неколку пати се нашол во позиција која може да ја добие борбата, но сепак кобрата успеала да се извлече од смртоносната прегратка на питонот.
Градските власти успеале да ги фатат двете змии.
Питонот е пуштен во дивината, иако шансите за преживување му се минимални, додека кобрата останала заробена во зоолошката градина.