Што се случува кога ќе престанете да ги броите калориите
Секојпат кога сакаме да ослабнеме, почнуваме да ги мериме калориите. Поточно речено, ги ограничуваме, што може да биде исплатливо во кус рок, се додека сето тоа не не проголта...
Но, пред да дојдете до тоа ниво на лудило, слушнете го советов и прекинете да се опседнувате со бројките. За тоа има неколку причини...
1. Ќе бидете посреќни!
За секоја телесна трансформација е потребно време и труд. Давајќи си себе мала пауза од строгите правила, ние всушност си подаруваме опуштеност, која не прави посреќни, секако. И науката докажа дека тоа секогаш е корисно - малку да ги „поткршиме“ правилата, оти така и полесно се стигнува до целта.
2. Ќе имате повеќе енергија!
Кога сме фокусирани на калориите, а не на прехранбената вредност на она што го јадеме, многу е веројатно да посегнеме по понеквалитетна храна, која значи и помало ниво на енергија во организмот. Здравите протеини, што се содржат во зеленчукот и житарките, се секогаш добар избор за нашата енергија.
3. Повеќе ќе уживате во храната!
Верувале или не, и доколку не мислиме постојано на бројот на калории, можеме да уживаме во здравата и квалитетна храна. Ако не знаеме како, интернетот е полн совети, вкусни трикови и здрави рецепти.
4. Ќе внесувате повеќе здрави масти!
Постојат корисни и штетни масти. Оние првите, што ги има на пример, во авокадото и во интегралните житарки, ни помагаат да се чувствуваме сити подолго време, па помалку е веројатно дека би посегнале по оние другите - штетните масти.
5. Ќе ослабнете!
Кога еднаш ќе почнеме да јадеме здрава храна, со помал број калории, оти нели, тоа е добро за нас, нашето тело и за бројките на вагата, тогаш се оди само на подобро. Или барем така би требало да биде...
Истражување на Калифорнискиот универзитет покажа дека жените кои држат строга диета со ограничен дневен внос на калории, имаат повисоко ниво на кортизол, хормонот на стресот, којшто пак, го зголемува апетитот, поради што се постигнува спротивен ефект.
Ново на Сител
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово
-
Курти: Неизрекувањето санкции ја охрабрува агресивноста на Србија