Македонија
13. July 2020 - 16:39

Што се гради во скопска Мавровка?

На поранешниот локал од над 400 метри квадратни сега градежните работници интензивно работат. Нов објект од цврста градба, поголем од претходниот, ќе биде дел од трговскиот центар Мавровка.

Угостителите од околните кафулиња,  зад камера велат дека ниту знаат што се гради, ниту за каква намена се подготвува објектот.

Од општина Чаир пак тврдат дека на оштетениот сопственик, пред две недели, му дале дозвола за да изгради ново кафуле. Но откако дознале дека се гради повеќе од дозволеното, наводно ги запреле градежните активности. Беа изненадени кога им посочивме дека на терен сликата е поинаква. Конкретен одговор за целата ситуција од општината не добивме, бидејќи со официјален став ќе излегле по изборите.

Кафулето Фонтана изгоре на први мај, за време на полициски час, доцна навечер. Пожарот неофицијално беше предизвикан од човечки фактор. Тогаш сопственикот видно потресен се пожали дека огнот му предизвикал штета од 500 000 евра.