Живот
30. December 2016 - 11:46

Што прво забележавте на фотографијата? - Тоа покажува што ве мачи длабоко во душата

Човечката потсвест крие многу тајни. Ваквите тестови помагаат да се извлече она што човекот го крие длабоко во себе. Целта на овој тест е да се идентификува вашиот моментален поглед на животот. Погледнете ја фотографијата. Што прво забележувате на неа? Подолу се крие одговорот.
 
Ако забележавте:
 
Чешма
 
Водата е симбол за емоции. Доколку сте здогледале како од чешмата тече вода, тогаш тоа значи дека немате проблеми со изразувањето на вашите чувства. Емоциите, како позитивните, така и негативните, полека „течат“ од вас, не запираат и не се насобираат. Во овој момент немате причина за каква било грижа, бидејќи кај вас сè е добро.
 
Птица
 
Премногу се фокусирате на мислењето на другите. Зад ѕидовите на туѓите процени не се чувствувате себеси, својата срж. Размислете зошто го занемарувате вашето сопствено мислење и не се слушате себеси. Вие сте на себе најблиски. Префрлете го фокусот на себе и ќе ги забележите позитивните промени, бидејќи сè ќе тргне кон подобро. Здравиот егоизам е задолжителен, во извесна мера мора да е присутен кај секој човек.
 
Дрво
 
Во овој момент малку сте незадоволни од вашиот живот и сакате да го промените на подобро. Нема ништо лошо во тоа. Меѓутоа, додека сте во потрага по задоволствата, постои ризик да го загубите она што веќе го имате. Размислете, дали е вредно за тоа?