Македонија
17. July 2015 - 17:12

Што понатаму, откако Заев го продаде СДСМ за да се спаси себеси

Повеќе од две години наназад СДСМ не признава власт, избори, устав суд и закони... односно не признава ништо што не е под нивна контрола, и во функција на нивните интереси.

Шест месеци наназад СДСМ и Зоран Заев со Шекериснка и Шилегов ја блокираат државата, институциите, блокираат улици, малтертираат граѓани и тепаат новинари кои не се под нивна контрола и во функција на нивните инетерси. Се со цел да добијат власт без избори, и во таа власт да се вградат функционери и активисти на фондацијата Сорос, и по некој функционер од СДСМ, а Зоран Заев да се спаси од судење за корупција која е толку јавна и масовна што речиси нема човек кој овој струмички олигарх го смета за чесен, и одговорен. Да потестиме, во време на својата струмичка градоначалничка функција, и со централна власт на ВМРО ДПМНЕ Заев, според сопствено признание, стекнал семеен имот од 12 милиони евра. Тоа го признал, а колку не признал останува само да се претпостави.

Пред некој ден, под притисок на меѓународната заедница, ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, заедно со ДПА и ДУИ потпишаа договор за надминување на политичката криза која ја наметна СДСМ. Дали е тоа крај на кризата. Знаејќи го Заев, Шекериснка, СДСМ и соросидите, никој упатен неможе да верува дека нивните методи на уривање и блокирање со договорот ќе запрат. Најсполе, тоа е единствената политика која ја знаат и практикуваат.

Тие веќе направија економски штети а псоелдиците ги трпат инвеститорите, граѓаните и мекедонскиот углед во Европа.

Уривањата, насилствата и блокадите на СДСМ не отворија, ниту ќе отворат ниту едно работно место, нема да донесат ниту еден инвеститор, ниту пак ќе ги покачат платите, пензиите или субвенциите што веќе го прават Груевски и ВМРО ДПМНЕ.

Договорот кој е потпишан е резултат на притисок, а не реални причини и односи на тернот. Со тие притисоци и тој договор се постигнува само едно – Заев доби привремено запирање на судските постапки за прислувањето за корупцијата, како и Шекеринска за криминалното семејно богатење и перење пари со измислени кирии од над 300.000 евра годишно, а и нивниот Шилегов се спаси од соменвањата за криминал со кирии и бизниси.

Освен ова, договорот нема речиси никаов друг ефект.

Нема техничка влада, напротив владата ја предводи ВМРО ДПМНЕ се до денот на избори. Груевски се повлекува од премиер 100 дена пред изборите но, тоа не се однесува на него туку е нов закон кој ќе важи сега, и за сите идни премиери. Ова на Груевски мо дава добра можност тие сто дена пред избори непречено да ги искористи за лично присуство на интензивна предизборна кампања во тие 100 дена пред изборите.

СДСМ доби еден министер, во ресорот социјала и труд, а министеретвото за внатрешни нема да го води кадар на СДСМ, туку лице кое зедно со ВМРО ДПМНЕ ќе го избрат.

Се воведува специјален обвинител кој ќе води постапка за содржините на телефонските разговои кои ги објавуваше СДСМ, а во тие разговори нема само активности на ВМРО, туку и активности на функционери на СДСМ особено за избори во Струмица, Куманово, Охрид и Скопје, кои исто така ќе бидат предмет на истрага на специјалниот овинител.

Во СДСМ, с емисли на партијата, не се задоволни од резултатите на преговорите.

Дневниот весник Вечер, во текст под наслов – Заев ја крие содржината на преговорите од членството на СДСМ изнесува детали за состанокот на партискиот врв на кој се случил ден по договорот. Заев не дозволил прашања за деталите од преговорите, ниту дискусија по нив. Напротив, рекол дека  тоа завршена работа и нема потреба од дискусија.

Заев не дал одговор пред своите и за тоа дали се испазарил неговите судски случаи да се стават во мирување, што би покажало дали бил заинтересиран за својот или за партискиот интерес. Според врвот на СДСМ ова било битно затоа што Заев може да биде осуден пред изборите и со тоа по автоматизам според статут да му престане функцијата, а СДСМ да мора набрзина да избира нов претседател.

Според весникот Вечер, Заев бил прашан и со кои методи сега СДСМ ќе настапува кога се прифатило да се откажат од бомбите, од проетсти по улици, кампирања и слично. Ниту на ова немало одговор од шефот на партијата.

Немало оговор од Заев ни зошто СДСМ договара избори толку брзо, а нема ни програма и формиран тим за предизборниот процес. Заев не дал ни одговор на прашањето дали е точно дека италјанска фирма ќе прави конфекциска програма за СДСМ, што би било многу лошо затоа што таквите програми се урнек за општа употерба, направен од фирма која не го познава македонскиот политички, економски и социјален простор. Зев ни за ова не дал одговор пред своето членство.

Како што не одговорил ни на забелешката дека не е нормално партиското раководство сега да оди на одмор, а Груевски и ВМРО ДПМНЕ тераат кампања секој ден на терен.

Имало многу тензија и енсогасувања на состанокот на Центарлниот одбор на СДСМ, и поделби во партијата, како и песимизам за резултатот на изборите.

Впечататок на голем дел од членовите на Централниот одбор на СДСМ бил дека Заев и Шекриснка се задоволни – се спасиле од кривично и судско гонење, а партијата од договорот не добила речиси ништо. И она малку што е добиено ќе биде дадено на активистите на Сорос, а активистит на СДСМ треба да трчаат на терен – за ништо.

По оставката која деновиве ја поднесе потпретседателот на СДСМ, професорот Ванчо Узунов, дополнително го слабее СДСМ и ја намалвуа нивната можност за реорганизација.

Во врвот на СДСМ имаче само тројца капацитетни еконосмки експерти, сите тројца доктори по економски науки – Зоран Јовановски, Игор Ивановски и Ванчо Узунов. Сега ниту еден од нив не е дел од партискиот врв, а за најважното изборно прашање – економијата, ќе решаваат Заев и Шекеринска, кои од економијата знаат само за ставката личен профит, и тоа со партиска поддршка.