Македонија
17. December 2020 - 16:45

Што научи Македонија во 15 години како кандидат за членство?

Во 2005 го добивме кандидатскиот статус за ЕУ, а 15 години подоцна се уште тропаме на вратите на Брисел. Некогаш лидер во регионот, во евроинтегративниот процес, сега Македонија е речиси на самото дно. Поради бугарската блокада, преговорите и годинава не стартуваа. Прогнозите на експерите се дека земјава уште долго ќе стои пред овие порти, но не смее да дозволи компромисот со Бугарија да биде пропусница за приклучување.

Според Малинка Ристеска Јорданова од Институтот за европска политика вината за ваквиот долг и макотрпен пат на Македонија кон ЕУ не може да се лоцира во само еден фактор. 

И покрај сите блокади и застои на евроинтегартивниот пат, според последните анкети на ИПСОС, дури 80 проценти од македонските граѓани перпсективата ја гледаат во ЕУ. Тоа што им пречи е бавноста на приклучувањето, па друи 40,5 проценти сметаат дека ќе станеме дел од Унијата дури по 2040 година.