Што најмногу ја привлекува жената кај мажот?
Истражувањето кое меѓу 1000 жени го спроведе „Принстон” корпорацијата за испитување на јавното мислење во Њу Џерси покажа дека голем процент од жените сакаат мажот да биде верен, самоуверен, добар слушач, да има смисла за хумор, но и добар стил.
Само 13 отсто од жените признале дека мускулите се важни за физичката привлечност, а пак, 66 отсто изјавиле дека за ннив најпривлечен е моралниот интегритет на мажот, објави интернет страницата БестЛајфОнлајн.ком, наведувајќи 20 особини, кои ги чинат мажите привлечни, од најважна до најмалку важна…
Карактерни особини: Верност, самоувереност, љубезност, морален интегритет, „татковство” (што е дефинирано со зборовите трпеливост, грижа и желба за деца).
Личност: Смисла за хумор, стабилност, интелигенција, страст, великодушност.
Практични вештини: Добар слушач, романтичност, да е добар в кревет, во кујна, како и во заработувањето.
Физички особини: Смисла за стил, да е згоден, да има мускули, па висината и на крај – добрата форма.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари