Живот
16. January 2016 - 13:47

Што може да ви се случи ако јадете премногу јаткасти плодови?

Јаткастите плодови како што се оревите, бадемите и индиските ореви се многу здрави. Но, не се препорачуваат секојдневно да се конзумираат, ако претерате мора да го знаете следново:

Многу научни истражувачки студии кажуваат дека јаткастите плодови можат да помогнат за слабеење, но само ако се јадат умерено, во спротивно може да дојде до несакани последици.

Јаткастите плодови се многу здрави, но и многу калорични, можни се проблеми со варењето на храната, болки во зглобовите и мускулите.

Иако ова е ретка појава, сепак е доволна причина да го намалите конзумирањето. Нутриционистите препорачуваат да се јаде до една рака дневно.