Што ќе му се случи на вашиот организам ако конзумирате ѓумбир
Во ново истражување објавено во Annals of the New York Academy of Sciences, биле испитани резултатите од 60 студии вршени ви клеточни култури, лабораториски животни и луѓе, кои сите имале изградено консензус дека ѓумбирот има корисни ефекти против зголемување на тежината, кардиоваскуларните болести, дијабетесот и сл.
Авторите го фокусирале нивното истражување на различните аспекти на метаболичкиот синдром – комбинација од 3 или повеќе фактори на ризик за тип 2 дијабетесот и болести на срцето. Овој синдром е здравствен проблем кој го имаат сè поголем број на луѓе и кој сега зафаќа скоро една четвртина од светската популација.
Постојат неколку механизми зад „моќите“ на ѓумбирот – помеѓу другото, тој игра голема улога во согорувањето на мастите, варењето на јагленохидратите и секреција на инсулинот. Тој исто така го инхибира и оксидативниот стрес (форма на клеточно стареење), има анти-воспалувачки карактеристики, а го намалува и холестеролот и крвниот притисок. Може дури и да ја редуцира атеросклерозата – таложење на опасни масти во артериите.
Доказите за сите овие придобивки се позабележливи и посилни кај животните и лабораториските студии отколку кај луѓето. Кога, на пример, глувци биле хранети со ѓумбир, било докажано дека тој значително ја намалува телесната тежина и воспалувањата, ги намалува холестеролот и шеќерот во крвта, а заштитува и против опасните ефекти од болеста на замастен црн дроб.
Само неколку клинички тестови врз луѓе ги студирале ефектите на ѓумбирот под овие услови, најверојатно поради предизвиците поставени од сложената хемиска композиција на зачинот, но и недостатокот на парични фондови кои тоа би го овозможиле.
Студиите кај луѓето ги истражувале ефектите на ѓумбирот во неколку различни форми, вклучувајќи капсули, таблети и прашоци растворени во пијалаци.
Marie-Pierre St-Onge, вонреден професор по нутриционистичка медицина при Колумбискиот Универзитет, вели дека науката сè уште не е определена која формулација и при кои дози нуди најдобри клинички придобивки.
Таа вели дека и покрај тоа, знаејќи ги сите потенцијални придобивки, вклучување на ѓумбирот во било која форма во исхраната не може да штети, туку само да помогне. Ако ништо друго, секогаш е подобро на храната да се додаде ѓумбир отколку сол.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација