Македонија
12. January 2021 - 17:13

Што ќе изгуби Македонија, ако Охрид го изгуби статусот во УНЕСКО?

Властите не ги решија ниту дивоградбите, ниту мистериозните насипи и узурпацијата на Светинаумските извори, а се заканува одземање на статусот град на УНЕСКО тврдат од иницијативата Охрид СОС. Според нив надлежните општини и министерства не чувствуваат одговорност за она што им е законска обврска, но време е некој да одговара. Последниот извештај на УНЕСКО според неофицијалниот документ објавен во медиумите нотира уназадување во процесите. Не се носат закони туку напротив се носат акти во корист на нечиј личен интерес. Како држава која го има најголемото природно богатство, најстарото езеро во Европа и се заканува катастрофа од невидени размери.

Иако беше најавено пред една година план за студеничко блато да се стави под привремена заштита, до сега не е почната никаква активност.

Од Министерството за култура велат се работи за нацрт текст  кој пристигнал крајот на декември и во тек е постапка на испраќање коментари за потенцијални грешки во текстот од сите надлежни институции. Откако ќе го  испратат документот назад до УНЕСКО, ќе стане официјален.

ОД ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека Власта на СДСМ е најголема опасност за УНЕСКО и инсистираат на итни оставки. Опозицијата реагира дека и покрај тоа што се работи за трета ваква препорака од УНЕСКО, Владата 4 години ја избегнувала нејзината реализација.

Охрид за првпат откако е впишан како заштитено подрачја од УНЕСКО во 1979 година може да се најде на листата на светско културно наследство во опасност. Во прелиминарниот извештај стои дека сите надлежни институции потфрлиле  како на национално така и на локално ниво, не ги исполниле обврските од 2017 година.