Loading Video...
Бизнис
2. October 2020 - 21:20

Што ќе добие Македонија од учеството во терминалот Александрополус?

Добро е што Македонија добива уште еден извор од кој ќе се снабдува со гас. Ескпертите велат дека освен рускиот гас кој сега стига во земјава преку Бугарија, со приклучувањето во прокетот Александропулос земјава си обезбедува колични од поевтин и поеколошки енергенс. Во Александропулос ќе се гради пловечка платформа во која гасот со бродови цистерни ќе стига во течна форма.

Приклучувањето кон овој проект ќе овозможи земјава да стане и енергетски коридор преку кој гасот од Грција ќе стига до другите земји. Но за експертите, најклучно е прашањето кога стопанството и граѓаните во земјава ќе можат да го користат гасот. Според Димитров иако веќе четири години има готови проекти за приклучување на скопски средни училишта тоа не е направено. Изградбата на магистралниот гасовод е во тек, но се уште многу далеку од изградба на мрежа која гасот ќе го донесе до потрошувачите.

Приклучокот кон Грција земјава ќе ја чини 55 милиони евра, а 13 милиони неповратни средства се веќе обезбедени од европски фондови. Во овој проект 20% учество ќе има и Бугарија.