Македонија
25. February 2021 - 16:42

Што го кочи пристигнувањето на вакцините во Македонија?

На само три дена пред истекот на месецов, се уште нема точен датум кога ќе пристигнат кинеските вакцини и дозите на Фајзер. Иако се најавуваше дека во февруари ќе има вакцини од различни производители и ќе биде месец на имунизација, министерот Филипче вели дека се уште се комплетира техничката документација за набавка на вакцините и дека во следниот период ќе се знае кога тие ќе пристигнат.

Во меѓувреме расте бројот на новозаболени и хоспитализирани. Но според Филипче тоа главно се должи на британскиот сој, кој е присутен во 70 проценти од новите случаи. Уверува дека засега нема простор за паника. Слободни места во болниците има, но ако дојде до влошување на состојбата не се исклучува можноста од нови заштитни мерки.

Лидерот на опозицијата Мицкоски по средбата со здравствените работници кои се на првата линија во борба против ковидот обвини дека земјава е единствена на Балканот и во Европа која се уште нема обезбедено вакцини.

Со вчерашните над 700 нови случаи бројот на новозаболени во земјава надмина 100 илјади.